ВИДЕО: Три пенали, црвен картон и хет-трик на Бруно – Јунајтед го мина Сосиедад во ЛЕ

Рубен Аморим и Манчестер Јунајтед остануваат во игра за трофејот во Лига Европа, откако „црвените ѓаволи“ во натпревар со три пенали, црвен картон и хет-трик на Бруно Фернандеш го совладаа Реал Сосиедад со 4-1 (1-1). На првиот натпревар во Сан Себастијан резултатот беше 1-1.

Стартот на натпреварот на „Олд Трафорд“ започна со рано водство на гостите, откако Матијс де Лихт го собори Ојарзабал во казнениот простор и по ВАР-прегледите Реал Сосиедад доби најстрога казна. Одговорноста ја презеде токму шпанскиот ас и не погреши – го совлада Онана за молк на трибините во Манчестер и водство на својот тим од 0-1. 

Сепак, само три минути подоцна Зубелдиа стартуваше прегрубо и удар од единаесет метри доби и Манчестер Јунајтед. Бруно Фернандеш беше сигурен реализатор на пеналот и израмни на 1-1.

Во продолжение се играше отворено и видовме по неколку шанси на двете страни, но резултатот остана непроменет. Затоа, само што започна второто полувреме следуваше нов пенал и прво водство на Јунајтед (2-1). На висината на задачата одново беше капитенот Фернандеш. Сите надежи на шпанскиот тим паднаа во вода во 63. минута, кога нововлезениот Арамбуру неспортски го собори Доргу и Бастиен без многу размислување му покажа директен црвен картон.

Јунајтед бројчаната предност ја искористи со уште два погодоци. Бруно својот прв овосезонски хет-трик го комплетира во 87. минута, а конечните 4-1 ги постави Далот во судиското надополнување.

  • Тотенхем - АЗ Алкмар 3-1:

Во четвртфиналето се пласира и вториот англиски клуб, Тотенхем, кој по поразот во Холандија од 0-1, во својот дом со 3-1 го совлада АЗ Алкмар. Головите за лондонскиот тим ги постигнаа Одоберт (2) и Медисон, додека за гостите стрелаше Копмеинерс. 

  • Лион - ФЦСб 4-0:

Фудбалерите на Лион запишаа уште една победа над ФЦСБ и со вкупни 6-1 обезбедија место меѓу најдобрите осум екипи. По триумфот во Романија од 1-3, вечерва францускиот тим постигна четири гола во противничката мрежа и го продолжува патот во Лига Европа.

Состави

Рубен Аморим

3-4-3

    Imanol Alguacil

    4-3-3