22.04.2025 05:10
Вести Економија Топ вести

„Стелантис“ привремено затвора погони за производство на возила во Канада и Мексико

Компанијата „Стелантис“ стана првиот голем производител на автомобили што реагираше на новите американски царини. И тоа драстично. Поради одлуката на Трамп за воведување дополнителни 25% царини на увезените автомобили, компанијата привремено го запира производството во две свои фабрики – во Виндзор (Канада) и во Толука (Мексико).

Како што соопштија од компанијата, производството во фабриката во Онтарио ќе биде прекинато на две недели, додека погонoт во Мексико целосно ќе запре во текот на април. Двете мерки стапуваат на сила од понеделник. Овој потег ќе има сериозни последици за работниците. Дури 4.500 вработени во Канада ќе бидат погодени од прекинот, додека во САД околу 900 работници кои ги поддржуваат овие погони, привремено ќе останат без работа.

Во Мексико, работниците ќе доаѓаат на работа, но нема да склопуваат возила, во согласност со договорите. Во погоните на оваа фабрика се произведуваа два американски бренда „Крајслер Пацифик“ и „Доџ Чарџер Дејтона“, но тука, исто така, се склопуваа и возила од марката Џип. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франциск, папата од народот кој се обиде да ја реформира Римокатоличката црква

Дејан Дејан

На Граничниот премин Богородица не очекуваат долготрајно чекање

Дејан Дејан

Обвинителството истражува како се депонира пепелта во РЕК Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе