Мајами Хит ја продолжи победничката серија со победата од 117:105 над Филаделфија, додека тимот од Пенсилванија го претрпе 12-от последователен пораз во НБА.
Кај Мајами најефикасни беа Данкан Робинсон и Тајлер Херо со 21, односно 20 поени. Добар учинок имаше Келен Вер со 19 поени и 17 скока, а Дејвион Мичел придонесе со 12 поени и девет асистенции.
Од друга страна, Филаделфија ја предводеа Квинтин Грајмс и Лони Вокер со по 29 поени, но тоа не беше доволно за да се спречи нов пораз. Мајами играше без неколку важни играчи – Бам Адебајо, Кевин Лав и Ендрју Вигинс.
Во четвртата четвртина, серија од 16:3 во корист на Мајами го претвори изедначениот натпревар во чиста домашна предност од 104:91, и со тоа Хит влегоа во финишот без посериозни проблеми.
Сакраменто Кингс ја забележа третата последователна победа совладувајќи ги Детроит Пистонс со 127:117.
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Сакраменто 117:127
Мајами – Филаделфија 117:105
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА