Connect with us

Фудбал

Миовски со специјални копачки вечерва против Велс, во чест на жртвите во Кочани (ФОТО)

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски за вечерашната пресметка со Велс (20:45ч) ќе носи посебни копачки во чест на сеќавање на жртвите во големата трагедија во Кочани. Еве што порача преку социјалните мрежи:

Секој човек има своја приказна и секој човек има свое животно патување. Навраќајќи се во моето детство додека ги држев моите први копачки, се сетив дека кажав нешто што длабоко посакував:
„Еден ден со цело срце ќе играм за мојата земја“ и еве ме, по многу години, играм за Македонија, мојата земја, бисерот на Балканот.
Овие специјализирани копачки имаат исклучително значење, со свето нешто – моето национално знаме и иницијалите на моето семејство.. 🇲🇰
На денешниот натпревар за македонската репрезентација, ќе ги носам во чест и сеќавање за сите што ги загубивме на 16.03.2025 година, за сите кои се уште се борат за своите животи и за сите семејства.
Нека почиваат во вечен мир упокоените души, сите мои молитви за повредените.