Регистриран силен земјотрес со јачина од 5,9 степени – еве каде е епицентарот

Регистриран силен земјотрес со јачина од 5,9 степени – еве каде е епицентарот

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Таџикистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според податоците на EMSC, епицентарот бил на околу 170 километри југоисточно од градот Хуџанд, втор по големина во земјата, а потресот се случил на длабочина од 10 километри.

Сеизмолошкиот центар при Министерството за вонредни ситуации на Узбекистан, кој ја следи сеизмичката активност во Централна Азија, ја процени јачината на земјотресот на 5,8 степени, јави агенцијата ТАСС.

Нема информации за жртви или материјална штета. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде