21.8 C
Скопје
20:06 - 17 април, 2025

(Фото) Ќерката на Ацо Пејовиќ е докторка по пластична медицина: Заврши како најдобар студент, а и убава е како кукла!

Познатиот пејач Аца Пејовиќ со години успева да го држи својот приватен живот далеку од очите на јавноста. Сепак, познато е дека со сопругата Билјана има три ќерки – Магдалена, Марија и Ива, кои не тргнале по неговите чекори, туку избрале различни професии.

Најстарата ќерка, Магдалена, завршила на Факултетот за организациони науки (ФОН), додека средната, Марија, дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград како една од најдобрите студенти.

Фото: Инстаграм/Марија Пејовиќ

На нејзиниот Инстаграм-профил стои дека е специјализант по пластична, реконструктивна и естетска хирургија. Покрај личниот профил, таа има и професионален профил каде што објавува информации за својата работа и резултати од естетската хирургија.

„Ме направи најгорд татко на светот. Всушност, сите три ќерки секој ден ме прават горд. Билјана и јас сме благодарни на Бог што израснаа во вакви луѓе. Морам да признаам дека направивме одлична родителска работа.“

Фото: Инстаграм/Марија Пејовиќ

„Семејството е мојата тврдина. Тие четири се моето сидро, но и моето едро, мотор и двигатели на сè. Целиот успех за кој зборувате не би бил можен без нивната поддршка и гласот на разумот“, изјавил Пејовиќ во една прилика.

Слични објави

Анабела ѝ одговори на Весна Ѓогани: „Ма, нека зборува што сака! Ми се смачи од тоа!“

Еспресо

Соседите на Сенида за нејзината тажна судбина: „Беше затворена дома со месеци!“

Еспресо

(Фото) Афера на повидок: Фудбалерот ја изневерил Ана Ивановиќ со спортска новинарка?

К.С.

„За 4 дена ги изгубив и татко ми и мајка ми“: Потресна исповед на Сергеј Ќетковиќ, откри што му било кажано на погребот

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Ублажување на болка со „пациент-контролирана аналгезија“

Еспресо

„22 години трпам физичко и психичко насилство“: Ава Карабатиќ откри вознемирувачки детали од нејзиниот живот

Еспресо