• Мартин Танасковски
Фудбалерите на Шибеник одбиле да тренираат поради наталожени долгови, а според неофицијални информации фудбалерите на клубот немаат земено плата од декември минатата година.
Фудбалерите од чиј тим дел е поранешниот македонски репрезентативец Леонард Жута се појавиле на терен, но не тренираа, тврдат од Хрватска, а причината е колективен штрајк заради долговите.
Шибеник последниот натпревар го одигра во неделата на „Пољуд“ против Хајдук, во кој беше поразен (0-1). Во понеделникот тренерот Рајко Видовиќ им дал слободен ден на играчите и го закажал првиот тренинг за вторник во 15 часот.
Фудбалерите на „портокаловите“ од зборови се префрлиле на дела и одбиле да тренираат. Тренерот Видовиќ закажал нов тренинг за среда во 10:00 часот, но доколку нема уплата на банкарските сметки на играчите, пак нема да има и тренинг.