Милиони нагазни мини беа поставени во Хрватска, Босна, Косово и Србија за време на крвавиот колапс на поранешна Југославија и војните во 1990-тите. Хрватските експерти за деминирање се надеваат дека ќе ја исчистат земјата од нагазни мини до 2026 година. Деминерите работат низ полето во близина на градот Госпиќ во јужна Хрватска, користејќи детектори за метал за да пронајдат нагазни мини оставени за време на војната што се водеше таму пред повеќе од три децении.
Тие се дел од операцијата што се планира да заврши за помалку од една година, кога земјата се надева дека ќе прогласи дека е ослободена од нагазни мини. „На крај на оваа година ќе завршиме со сите операции и на 01.03.2026 година ќе ја прогласиме Хрватска ослободена од минските опасности“, уверува Давор Лаура, шеф на операции при Центарот за мини во хрватското МВР. Илјадници луѓе од целиот регион загинаа од детонации на мини на главно немапирани мински полиња и од неексплодирани убојни средства што сè уште се фрлаат на некои поранешни боишта.
View this post on Instagram