24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија прва доби пари од Планот на ЕУ за раст на Западен...

Македонија прва доби пари од Планот на ЕУ за раст на Западен Балкан

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска изјави дека Македонија е првата земја што добила пари за предфинансирање во рамките на Инструментот на Европската комисија за реформи и раст на Западен Балкан.

Траншата изнесува 52,4 милиони евра или седум отсто од вкупниот износ на финансиската помош за нашата земја, кој изнесува околу 750 милиони евра“, изјави Муртезани на новинарите.

Посочи дека исплатата е врз основа на барање за предфинансирање кое тој како национален координатор за реформската агенда го доставил до Европската комисија во ноември минатата година.

„Ова ја прави Северна Македонија првата земја во регионот што ги добива овие средства откако претходно ги презеде сите неопходни чекори, односно ги заврши правните процедури и стапи на сила Договорот за заем и Договорот за грант“, рече Муртезани.

Тој посочи дека уште една важна вест поврзана со реформската агенда е тоа што Скопје на 14 март прв во регионот поднесе барање до Европската комисија, во предвидениот рок, за ослободување на 17,1 милион евра за реализација на конкретни реформски чекори.

Во него се наведени активностите кои биле спроведени до декември 2024 година, а Европската комисија го продолжи рокот до февруари 2025 година“, рече Муртезани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП