Хамас ги објави имињата на тројцата заложници кои треба денес да бидат ослободени

Мртви се осум од заложниците кои требаа да бидат ослободени во првата фаза

пред 3 недели

Осумте заложници кои требаше да бидат ослободени во првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа се мртви, изјави денеска портпаролот на израелската војска Дејвид Менцер.

„Семејствата се информирани за состојбата со нивните најблиски“, рече функционерот на прес-конференција.

Според договорот за прекин на огнот, во првата фаза од шест недели, почнувајќи од 19 јануари кога престанаа борбите, 33 заложници држени од Хамас во Појасот Газа треба да бидат ослободени во замена за повеќе од 1.900 палестински затвореници кои ги држеше Израел.

Седум заложници веќе се вратија дома. Тие беа ослободени на 19 и 25 јануари. Менцер не ги соопшти имињата на загинатите заложници. Израел синоќа објави дека го има долго бараниот список од Хамас за статусот на сите заложници, живи или мртви.

„Таа листа се совпаѓа со израелското разузнавање“, рече Менцер.

Текстот Мртви се осум од заложниците кои требаа да бидат ослободени во првата фаза е превземен од МАКФАКС.

Share