Бока: Европскиот парламент повторно ја нападнал Унгарија

Од:

Унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока изјави дека Европскиот парламент повторно ја „нападнал Унгарија“.

Бока го кажа ова затоа што темата „законските измени и нивното влијание врз основните права“ во Унгарија утре ќе се најде на дневен ред на ЕП, а никој од унгарската влада не е поканет да присуствува на дебатата, јави МТИ.

Тој исто така изјави дека полското претседателство со ЕУ, кое ја организираше дебатата, претходно не се консултирало со унгарската влада.

Бока изјави дека денеска испратил писмо до својот полски колега во кое бара објаснување зошто Унгарија била „нападната“.

Унгарскиот министер истакна дека владата ги штити основните интереси на децата, го брани националниот суверенитет на земјата од странско мешање и инсистира на транспарентност во финансирањето на невладините организации.

„За ова треба отворено да зборуваме: кој е на страната на децата, националниот суверенитет и транспарентност? Се друго е само политички циркус“, заклучува Бока во својата изјава.

Би можело да ве интересира

Орбан: Луѓето кои работат против интересите на Унгарија во Брисел треба да исчезнат од јавниот живот

Унгарија ги затвора границите и масовно коле добиток: „Можеби е биолошки напад“

Бока: Македонија е земја-кандидат од 2005 година и верувам дека вистинското место на земјата веќе требаше да биде ЕУ

Орбан: Унгарија не може да учествува во политички извалканиот Меѓународен кривичен суд

Унгарија се повлекува од Меѓународниот кривичен суд

Новата германска влада подготвува казна за Орбан