Американскиот претседател Доналд Трамп денеска истакна дека светските лидери биле во паника поради новите американски царини.
Како што вели, му го „бакнуваат газот“ во очајнички обид да ги намалат давачките што им се наметнати.
„Тие држави ми се јавуваат и ми го бакнуваат газот за да преговараат за моите царини, кои се легендарни. Тие умираат за да склучат договор. Ми се јавуваат и со плачлив глас ми велат: ‘Ве молам господине, ајде да направиме договор, ќе сторам сѐ што треба‘“, вели Трамп.
Реципрочните царини на Трамп за 60-ина држави денеска стапија на сила, продлабочувајќи ја светската трговска војна, иако тој кажа дека е спремен да преговара со некои земји.
Најтешко погодена е Кина, за која Трамп воведе царини од дури 104%.