И Македонија на листата на Трамп: 33 отсто царина за стоки од земјава

Од:

Како што може да се види во соопштението од Белата куќа, стоката увезена од Македонија во САД сега ќе подлежи на царина во износ од 33 отсто.

Трамп во својот говор изјави дека ќе воведе царини врз основа на принципот на пресметување на „тарифи за американски стоки, непарични пречки и сите начини на „мамење“ на другите земји, а според проценката на Белата куќа, Македонија има царина од 65 отсто за американските стоки.

На листата се и други земји од регионот. Така, стоката од Црна Гора која се увезува во САД сега ќе има царина од 10 отсто, а идентична давачка ќе биде воведена и за стоката од Косово.

Според оценката на тимот на Трамп, Србија воведува царина од 74 отсто за американска стока, па од полноќ ќе важи царина од 37 отсто за стоката од оваа земја што ја увезува САД, а за Босна И Херцеговина 35 отсто.

Трамп воведе царина од 34 отсто за стоки од Кина, 20 отсто за стоки од Европската унија, 46 отсто за стоки од Виетнам, 32 отсто за стоки од Тајван, 24 отсто за стоки од Јапонија, 26 отсто за стоки од Индија, 31 отсто за стоки од Швајцарија и 10 отсто за стоки од Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Трамп: Сè ќе цвета наскоро

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски

Кина возвраќа на американските царини со ограничување на увозот на холивудски филмови