„Ромите, заедно со сите други народи и заедници во земјата се дел од една таква приказна. Приказна што ја слави различноста како украс, како богатство на едно општество еднакво за сите. Заедно со Ромите постојано работиме на подобрување на благосостојбата на ромската заедница“, порачува Маричиќ.
„Го честитам Светскиот ден на Ромите. Тие претставуваат едни од најлојалните и вредни граѓани на нашето општество и заслужуваат унапредување на нивните права. Се уште треба да се работи на тоа, во секој смисол. Ние како Влада обезбедивме објекти за згрижување на деца, нови градинки. За 200 деца во Шуто Оризари се обезбеди бесплатно присуство во градинки. Неколкукратно го зголемивме бројот на стипендии за деца Роми. Само во Шуто Оризари, каде има најголем број на Роми, има 900 стипендии за средно образование, кои се со зголемен износ“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски
„Македонија никогаш не била, ниту ќе биде држава во која некој бил принудуван на асимилација, туку напротив секогаш била светол пример на уважување на посебноста и етничката различност на секој нејзин граѓанин. Впрочем Македонија е можеби единствената земја во поширокото опкружување каде што мнозинство сочинуваат Ромите, а ромскиот јазик е службен јазик заедно со македонскиот. Ромите на Македонија и вратиле со огромен придонес во музиката, културата, спортот и политичкиот живот и за тоа и јас и секој граѓанин кој ја сака нашата татковина Македонија е неизмерно благодарен“, појасни лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицковски.