ОД 7 МАЈ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ПОЧНУВА ИСПЛАТАТА: Еве колкава дивиденда ќе легне на нивните сметки

Објавено во: Финансии 03 Април, 2025 15:40
Комерцијална банка информира дека денеска го одржала своето редовно Годишно собрание на акционери.
„Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2024 година со бруто-добивка во износ од 5.482,1 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 557,3 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 4.924,8 милиони денари“, се вели во објавата од банката.
Акционерите на Банката, како што се нагласува во нивното соопштение, донеле Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 4.924,8 милиони денари и ја утврдиле дивидендата за обичните акции во висина од 125 отсто од номиналната вредност на акцијата, односно по 1.250 денари на една акција. Исплатата на дивиденда ќе почне на 07 мај 2025 година.
„Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 1.915,5 милиони денари да се издвои во резерви. Дел од добивката во износ до 160 милиони денари се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2025 година, која исто така го зголемува вкупниот капитал на Банката.
Собранието ги усвои финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2024 година и Годишниот извештај за работењето на Банката во 2024 година“, се вели во објавата од Комерцијална банка.
Можеби ќе ве интересира
МАЛА ИМ Е ПЛАТА ОД 3.000 евра: Германија ја напуштаат сè повеќе луѓе, главно незадоволни работници од оваа професија

МАСК ИЗГУБИ 145, ГЕЈСТ 3, А ЦУКЕРБЕРГ 28 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Овој милијардер беше единствениот што заработи по царините на Трамп

ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП ЈА „КУТНАА“ И МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА - црвената боја завладеа, паѓаат акциите и на најмоќните

ЗОШТО ТРЕБА ДА ВИ БИДЕ ГРИЖА ЗА ПАДОТ НА БЕРЗИТЕ ДУРИ И АКО НЕМАТЕ АКЦИИ: „Ова е крвопролевање“, велат експертите за падот на азиските пазари

ПРОДОЛЖУВА СТРМОГЛАВИОТ ПАД НА БЕРЗИТЕ - пазарниот хаос предизвикан од тарифите сè уште не е завршен

НАЈНОВАТА РАНГ ЛИСТА НА ГРАДОВИ СО НАЈМНОГУ МИЛЈАРДЕРИ - предводи Њујорк, еве колкаво богатство имаат поединечно
САМО ЕДЕН ДЕН ПО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ТАРИФИТЕ: Најбогатите луѓе во светот изгубија 208 милијарди долари

СЕ ОГЛАСИЈА „ПЕЛИСТЕРКА“ И „ТИМОХ“ ДО АКЦИОНЕРИТЕ: Стопанска банка Битола не е на продажба, не постои таква одлука на акционерско Собрание

ПАНИКА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Трговската војна на Трамп ги уништува индексите ширум светот - скокна и ИНДЕКСОТ НА СТРАВ!
