Мицкоски и Филипче договориле формирање на работни групи

Мицкоски и Филипче договориле формирање на работни групи

пред 4 дена

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на состанокот во Владата договориле формирање на работни групи за спроведување на реформската агенда.

Филипче кој ја оцени средбата како добра и конструктивна, вели дека се работи за зконите во делот на правосудството, енергетиката и некои работи околу стратешките движења во здравството, додека позициите за ЕУ интеграциите им се разликуваат.

Нова средба не е договорена, но Филипче очекува сите политички партии да разговараат на овие теми.

Следен логичен чекор, според првиот човек на СДСМ, е лидерска средба.

 

Текстот Мицкоски и Филипче договориле формирање на работни групи е превземен од МАКФАКС.

Share