Бизнис
КИНА ДО ВАШИНГТОН: ВЕДНАШ ДА ГИ УКИНЕТЕ ЕДНОСТРАНИТЕ ЦАРИНИ!
03.04.2025
По воведувањето на американските царини од 34 отсто за кинескиот увоз, Министерство за трговија на Кина го повика Вашингтон „веднаш да ги укине“ огромните нови царини, предупредувајќи дека тие „го загрозуваат глобалниот економски развој“ и ќе им наштетат на американските интереси и меѓународните синџири на снабдување. Кина, исто така, се закани со „одлучни контрамерки за заштита на нејзините права и интереси“.
- Кина ги повикува САД веднаш да ги укинат едностраните царински мерки и да ги решат разликите со трговските партнери преку еднаков дијалог. Нема победник во трговската војна и нема излез за протекционизмот, порачаа од кинеското министерство.
Трамп особено силно ја погоди Кина со царини од 34 отсто, покрај веќе постоечките царини од 20 отсто за целиот кинески увоз.
Пекинг, исто така, ги обвини Соединетите Држави за „типични еднострани насилни практики“.
„Овој пристап ја игнорира рамнотежата на интересите постигната со повеќегодишни мултилатерални трговски преговори и го игнорира фактот дека САД долго време значително профитираа од меѓународната трговија“, порачаа од Кина, пренесува Сеебиз.
фото freepic