Прв Јапонец во Битола: Пелистер се засили со Масаки Такахара!

Уште еден Јапонец денес ги промени клупските бои во Македонија. По Јумеми Канда кој од Шкупи се пресели во Беса, нов клуб има и Масаки Такахара. 

Искусниот офанзивец во дресот на Пелистер од Битола се сели од редовите на Струга, каде ги мина последните шест месеци и со тоа ќе стане првиот Јапонец кој ќе го носи „зелено-белиот“ дрес.

„Такахара ќе биде првиот Јапонец што ќе заигра во зелено-белиот дрес. Тој доаѓа од екипата на Струга Трим Љум, а предходно настапуваше уште за Гостивар во ПМФЛ и за уште неколку клубови во Германија.

Такахара веднаш ќе му се стави на располагање на Захариевски“, соопшти клубот од Битола.

Такахара е второто засилување на Пелистер оваа зима, откако во Битола пристигна рускиот напаѓач Захар Тарасенко

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.