По официјалната објава на социјалните мрежи, фановите на Д Фест не се задоволни од оваа промена. Се појавија стотици коментари на официјалните објави од луѓе коишто велат дека многу од нивните желби и спомени се скршени, дека оваа година дена да дојдат на фестивалот, и за многумина ова е најлошата одлука. Еден од најголемите музички фестивали во Македонија кој активно со години беше обележје на градот Дојран, „Д Фестивал“ од оваа година се сели во градот Штип. „По години магични изгрејсонца, музика под ѕвездите и слобода на брегот на Дојран, време е за ново поглавје. Со срце полно љубов и почит, кажуваме огромно „Благодарам“ на прекрасните Дојран и дојранчани за сите незаборавни моменти, за гостопримството со кое својот град го направија местото каде што од 2011 година нашите соништа се спојуваа со реалноста“, велат организаторите на „Д Фестивал“. За организаторите на фестивалот оваа е голема промена.
„Ова лето, за јубилејната 15-ка, нашиот фестивалски караван продолжува кон Штип, опкружени со планини и река, под Исарот. Тоа е новата дестинација за најпозитивната фестивалска дружина, нов простор за магија и ново платно за испишување на највозбудливите фестивалски приказни“, потенцираа од „Пасворд продукција“, организаторите на фестивалот. По официјалната објава на социјалните мрежи, фановите на „Д Фест“ не се задоволни од оваа промена. Има стотици коментари на официјалните објави од луѓе кои велат дека многу од нивните желби и спомени се скршени, дека оваа година нема да дојдат на фестивалот. За многумина, ова е лоша одлука. Голем број на посетители кои веќе имаат купено рано карти, бараат целосна рефундација поради промената на градот. Извор: Новинска агенција МЕТА