• среда, 12 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Привршува реконструкцијата на Градската капела во Струмица

Привршува реконструкцијата на Градската капела во Струмица

Струмица, 12 март 2025 (МИА) - По 30 години од изградбата привршува реконструкцијата на Градската капела во Струмица. Општината и ЈПКД „Комуналец“ реконструкцијата ја почнаа во ноември лани и според информацијата од градоначалникот Костадин Костадинов, досега се завршени 85 отсто од планираните работи.

Со реконструкцијата се врши комплетна замена на старите салонитни плочи со нови термо панели, замена на дрвената конструкција, како и поставување нови олуци, термо и хидроизолација.

-Со цел да се подобри заштитата се врши и санација на калканските ѕидови, се инсталира и нова громобранска заштита, а се санираат сите внатрешни површини од претходните протекувања. Реконструкцијата започна во ноември минатата година и целосно треба да заврши во мај, напиша струмичкиот градоначалник на неговиот фејсбук профил.

Инаку, реконструкцијата на Градската капела чини 6 милиони денари, средства обезбедени од општинската каса и комуналното претпријатие. рт/дма/

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан