Инаугурацискиот одбор на претседателот Доналд Трамп доби милиони долари донации од фирми во индустријата за криптовалути, кои веќе добиваат посебно внимание од неговата администрација, покажуваат извештаите поднесени до Канцеларијата за јавна евиденција на Сенатот.
„Коинбејс“ (Coinbase Inc.), „Крипто.ком“ (Crypto.com), „Галакси диџитал“ (Galaxy Digital), „Парадигм оперејшнс“ (Paradigm Operations) и „Пејвард“ (Payward Inc.), попознати како „Кракен“ (Kraken), дадоа по еден милион долари. Според извештаите, „Робинхуд маркетс“ (Robinhood Markets, Inc.), која нуди платформа за тргување со дигитални валути, придонела со два милиона долари.
Некогашниот криптоскептик Трамп сега ентузијастички ја прифати индустријата и како инвеститор, претприемач и како извор на политичко собирање средства. Меѓу големите донатори на неговата кампања и одборот за суперполитички акции беа ризичните капиталисти Марк Андресен и Бен Хоровиц, како и близнаците милијардери Тајлер и Камерон Винклвос.
Прочитај повеќе

Директорот на „Коинбејс“ вели дека порастот на токени ја отежнува нивната проценка
Секојдневно се создаваат бројни нови токени, што ја отежнува проценката бидејќи веќе не е можно да се следи секој токен одделно
26.01.2025

Давос: Што мисли финансиската елита за крипто?
Финансиската елита во Давос се надева дека Трамп ќе донесе закон што ќе им олесни на нивните компании да влезат на крипто-пазарот.
23.01.2025

Криптоменувачници во регионот Адрија - од пионери до искусни играчи
Истраживме како работат криптоменувачниците во регионот Адрија, меѓу кои некои се најстари во светот.
24.01.2025

Трамп веќе на големо заработува од крипто
Пред доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа, возбудата за промена на власта ја почувствува индустријата за криптовалути.
20.01.2025

Трамп планира да ги прогласи криптовалутите за национален приоритет
Новиот американски претседател планира да издаде извршна наредба со која криптовалутите ќе станат приоритет во политиката.
17.01.2025

Како успехот со криптовалутите може да ги трансформира науката и долговечноста на мозокот
Џејмс Фикел инвестираше 200 милиони долари што ги заработи вложувајќи во криптовалутата етер, со што стана еден од најголемите инвеститори во светот за истражување на мозокот.
24.01.2025
Во неговата прва недела откако ја презеде функцијата, претседателот го одбра Дејвид Сакс, ризичен капиталист што тој го нарече негов криптоцар, за да ја предводи работната група што вклучува врвни претставници на владата за промовирање на американската дигитална финансиска технологија. Тие треба да размислат за регулаторна реформа и за создавање резерви од дигитални средства.
Трамп, за кого се очекува дека лесно ќе го надмине износот од 107 милиони долари што ги собра за неговата инаугурација во 2017 година, доби донации и од други индустрии, кои очекуваат поповолни политики од неговата администрација. Корпорацијата „Шеврон“ (Chevron Corp.) даде два милиона долари, што е многу поголем подарок од 525.000 долари, колку што приложи за неговата прва инаугурација. „Окло“ (Oklo Inc.), која произведува реактори што можат да работат на нуклеарен отпад, даде 250.000 долари. Крис Рајт, изборот на Трамп да раководи со Одделот за енергија, веќе седна во неговиот одбор.
Донираа и компании од бизнисот со обновливи извори на енергија. „Ханва кју селс“ (Hanwha Q Cells America Inc.), американската подружница на германскиот производител на соларни панели, даде 500.000 долари, исто како и „ГЕ Вернова“ (GE Vernova), подружница на „Џенерал електрик“ (General Electric), која произведува сè, од гасни турбини до сечила на енергија од ветер. Американската асоцијација за чиста енергија, трговска групација што ги застапува компаниите за енергија од ветер, сончева енергија, чист водород и пренос, даде 100.000 долари.
Меѓу мноштвото извршни наредби што ги даде на почетокот од својот мандат, Трамп ги замрзна дозволите за нови ветерни централи на море, што претставува голем неуспех за индустријата.
Неговиот инаугуративен одбор, исто така, доби пари од многу донатори што не донираат првпат. Меѓу нив се „Амазон“ (Amazon.com Inc.), „Мета платформс“ (Meta Platforms Inc.) и „Голдман сакс“ (Goldman Sachs Group Inc.), кои дадоа по еден милион долари. Други нови донатори што ја дадоа истата таа сума се компаниите од секторот здравство, „Баер корпорејшн“ (Bayer Corporation) и „Џонсон и Џонсон“ (Johnson & Johnson).
Инаугуративниот одбор на Трамп не би требало да ја објави својата целосна листа на донатори на Федералната изборна комисија до 19 април.