фото Бизниспро

Американците шверцуваат јајца: Преку граница се поевтини за 70 отсто

Американските медиуми информираат дека како што растат цените на јајцата во Америка, потрошувачите почнаа да ги набавуваат своите јајца во Мексико и Канада.

Па така, американското Министерство за земјоделство забранува ваков увоз на јајца кои не се проверени по официјални канали бидејќи може да шират болести, пишува Волстрит журнал, а пренесуваат хрватските медиуми.

Инаку како што пренесуваат медиумите, таканаречениот „пресретнат“ увоз на јајца се зголеми за 36 отсто низ САД во однос на претходната година, покажуваат податоците на американската Царина и гранична заштита. Во делови од Тексас поблиску до мексиканската граница, тој број е зголемен за 54 отсто, според Царината и граничната заштита на САД (CBP). Во Сан Диего повеќе од двојно е зголемен бројот на шверцувани јајца.

„Разликата во цената е огромна, јајцата се поевтини за околу 70 проценти во Мексико“, велат од царинската служба.

Просечната цена на 12 јајца од одделение А во САД минатиот месец беше 5,90 долари, што е помалку од околу 3 долари една година порано. Клиентите во некои продавници плаќаат и до десет долари или повеќе за јајца. Причина за наглиот скок на цената на јајцата се последиците од птичјиот грип и уништувањето на голем број живина.

Цените на јајцата во Мексико генерално се под 2 долари за 12 јајца, иако во некои погранични градови сега достигнаа цена од околу 2,30 долари, според податоците на мексиканската влада, се вели во информацијата.

Можеби ќе ве интересира...

Добра вест: Тргнува исплатата не пензиите – оваа банка излезе со соопштение

BiznisPRO

Ангеловска-Бежоска: И покрај шоковите, стабилноста на домашната валута зачувана, а девизните резерви повисоки за 40%

BiznisPRO

ПРЕД КОМПАНИИТЕ ПРОМОВИРАН НОВИОТ КОНЦЕПТ ЗА ИЗВОЗ НА КОМОРАТА: Конкретни активности, инструменти и алатки во интерес на извозните компании

BiznisPRO