Општина Битола објавува јавен повик за избор на оператор за обезбедување на услугата Итно копче – нова 24/7 достапна услуга која овозможува на корисниците да побараат помош со едноставно притискање на едно копче.
Услугата Итно копче е наменета за лица кои имаат потреба од брз пристап до помош во итни ситуации. Корисниците, со едноставно притискање на копчето на аларм-уредот, воспоставуваат контакт со операторот од контакт центарот на Итно копче. По утврдување на состојбата, операторот дава насоки за понатамошно постапување, а по потреба испраќа тим за прва помош во нивниот дом. Доколку е неопходно, се организира транспорт до соодветна здравствена установа.
Повеќе информации за услугата и начинот на аплицирање на повикот, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/itno-kopce/.