Македонија

Распити и вештачења се прават за да се утврди вина кај секој осомничен за работата на „дискотеката на смртта“

Распити и вештачења се прават за да се утврди вина кај секој што имал инволивраност во работата на дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопшти Обвинителството, каде тим од 11 обвинители работи само на овој предмет.

„Јавните обвинители од тимот кој ја води предистражната постапка континуирано преземаат повеќе истражни дејствија за обезбедување докази. Такви дејствија, кои вклучуваат распити, анализи и вештачења од голем обем и во однос на повеќе различни институции се во тек и денеска. Меѓутоа, за да се зачува тајност на постапката и да се спречи компромитирање на доказите обвинителството не е во можност во моментов да открива повеќе детали за активностите“, велат од Обвинителството.

Помина речиси половина месец откако Обвинителството ги презеде првите дејствија, а по пожарот во „Пулс“ каде загинаа 59 лица, а 197 беа повредени. Во притвор се 24 лица под сомнение дека сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив ексминистерот за економија Крешник Бектеши, ексдиректори на Пазарната инспекција, сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов-Деко, вработени во Министерството за економија, поранешната државна секретарка. Под истрага се и седум полициски службеници за кои се води засебна постапка во Обвинителството за гонење организинра криминал и корпуција.

На почеток