Борците од Тетово бараат граѓаните да го бојкотираат процесот за менување имиња на улици

Сојузот на борците од Народно-ослободителната и антифашистичка војна на Македонија и граѓаните продолжувачи од Тетово побараа да се бојкотира процесот на менување на имиња предлог по  повикот на општина Тетово во петок граѓаните да учествуваат на првата јавна дебата на која ќе може да дадат предлози за имиња на улиците.

-Знаеме дека предлогот е одамна на бирото на Касами и оваа националистичка глума е обична фарса. Не поминува! Сите сме свесни за вашиот демократски капацитет Касами. Процес во кој уште на самиот почеток хероите од антифашистичката коалиција лично од Касами се претставени како темното минато. Не заслужува поддршка и учество од ниту еден разумен совесен и искрен патриот“, истакнуваат од Сојузот на борци од Тетово.