Почина легендарниот актер Вал Килмер

Килмер се прослави со улогите на Џим Морисон во филмот „The Doors“, пилотот во култниот „Top Gun“ со Том Круз, го отелотвори и Бетмен, а сето тоа му ја донесе титулата еден од најпосакуваните мажи

Легендарниот актер Вал Килмер почина на 65-годишна возраст. Причина за смртта е пневмонија, соопшти неговата ќерка Мерцедес Килмер.

На Килмер му беше дијагностициран рак на грлото во 2014 година, од кој подоцна се опорави, додаде таа, според Њујорк Тајмс. Но, поради тоа, тој едвај можеше да зборува, дури и со помош на машина, а во почетокот ја чуваше својата болест во тајност и се повлече од очите на јавноста.

Килмер се прослави со улогите на Џим Морисон во филмот „The Doors“, пилотот во култниот „Top Gun“ со Том Круз, го отелотвори и Бетмен, а сето тоа му ја донесе титулата еден од најпосакуваните мажи, пренесува Дневник.хр.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни