Поставен транспарент „Правда за Крешник“

Транспарент на кој пишува „Правда за Крешник“, а е испишан на македонски и албански јазик е поставен на надвозник на автопат, а го објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

Оваа герила акција доаѓа откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши доби статус на осомничен како ексминистер за економија, а по пожарот во дискотеката „Пулс“ која изминатите години работела и со легална дозвола, иако според обвинителите, не исполнувала никакви услови.

„Да ги оставиме институциите да си ја завршат работата. Обвинителството и судот да работат по словото на законот. Правда за Кочани мора да има“, напиша Стојаноска.

Пронајдете не на следниве мрежи: