Од рубриката ентериери за денес ви презентираме прекрасен стан со летен вајб, сместен во Германија.
Неговиот сопственик е креативецот Александар Пар, кој посветено работи на ентериерното уредување, а пред неодамна издаде и книга со наслов Тhe Simple Living.
Она што може да се забележи на прв поглед е доминацијата на белата боја што придонесува станот да изгледа чисто и префинето.
На белата друштво и прават неколку нијанси во неутрални тонови, како светло дрво и сива. Секоја просторија е едноставно уредена, а ја красат интересни вазни, цвеќе и лимони коишто го носат мирисот на летото.
Од дневната соба се излегува на малечок балкон, а тука на излезот се наоѓа и дрво со лимони што дава дополнителна свежина во домот.
Црните детали како столчињата и радиото на маса малку го разбиваат белилото давајќи острина и дефинираност.
Минимализам со доза на софистицираност...
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram