• Иван Димовски
Кошаркарскиот клуб Бутел ќе го дочека лидерот во Втората македонска лига Маџари во рамките на 20. првенствено коло.
Средбата која ќе се одигра во спортската сала „Иван Хаџи Николов“ во скопската населба Радишани ќе има хуманитарен карактер. Бутелчани преку социјалните мрежи најавија дека сите средства од продадените билети ќе бидат донирани за настраданите во несреќата во Кочани.
Билет за натпреварот кој се игра в сабота од 16:00 часот ќе чини 100 денари, а од Бутел очекуваат одново полна трибина.