Ангел Петрушев повторно беше најбрз на патеката Матка и забележа нов триумф на ИКАС, кој оваа година се бодуваше и за Светскиот куп.
Петрушев беше најбрз во полуфиналето, а потоа во трката која решаваше за победникот имаше за секунда и 41 стотинка подобро постигнување од Канаѓанецот, Даниел Пари додека трет е Марко Ѓорѓевиќ од Србија.
Вториот македонски репрезентативец кој успеа да се пласира во финалето, Стефан Рибарски настапот го заврши на петтата позиција.