Куп на Македонија: Вардар преку Брера кон финале, Шкендија на мегдан со Струга

768
+1

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денеска со ждрепка беа одредени двојките за полуфиналните натпревари од Купот на Македонија.

Во борбата за трофејот, најтрофејниот клуб Вардар за противник го доби тимот на Брера Струмица, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Струга ТЛ – Шкендија.

Првите полуфинални средби се закажани за следната среда (9 април).

Вардар останува најтрофеен клуб во Купот со пет титули, но последниот триумф беше во далечната 2007 година.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ПОЛУФИНАЛЕ (09.04.2025)

ВАРДАР – БРЕРА СТРУМИЦА

СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА

ПретходноЈувентус внимателно ја следи ситуацијата со Конте во Наполи
СледноУбава вест за мак-кошарката: Шампионот од оваа сезона директно оди во АБА-лига?