Судијката на прелиминарното сослушување во Римскиот трибунал, Ана Марија Гавони, го одби барањето на адвокатите на Јувентус и поранешните клупски раководители да се откаже рочиштето поради одредени технички детали.
Тоа значи дека поранешниот претседател на Јувентус Андреа Ањели, поранешниот потпретседател Павел Недвед, поранешниот извршен директор Маурицио Аривабене и поранешниот спортски директор Фабио Паратичи ќе се појават на суд на 19 мај, пренесе Calcio Financa.
Четворицата беа суспендирани од фудбалот на две и пол години поради фалсификување финансиски извештаи и деловни нерегуларности во декември 2022 година, по што поднесоа оставка од Јувентус. На тимот му беа одземени и 15 бода.
Што се однесува до спортскиот аспект, Јувентус е четврти во Серија А со 59 бодови, а избраниците на Игор Тудор ќе се сретнат со Парма следниот понеделник од 20 часот и 45 минути.