logo
logo
logo

Антонио Кошта: ЕУ мора итно да постигне нови трговски договори со други партнери

Vecer | 03.04.2025

Антонио Кошта: ЕУ мора итно да постигне нови трговски договори со други партнери

„Ќе работиме со сите наши партнери и ќе продолжиме да ја зајакнуваме и прошируваме нашата трговска мрежа. Сега е моментот да ги ратификуваме договорите со Меркосур, Мексико и да направиме значаен напредок во преговорите со Индија и други клучни партнери“, напиша Кошта на платформата Икс.

Оваа изјава доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа воведе „реципрочни царини“ за земји од целиот свет со цел да го поттикне домашното производство во САД, што, според експертите, носи ризик од зголемени цени и трговски војни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk