Забава
Десет навики што прават да изгледате постаро

Не е само изгледот на нашата кожа или тело што нè прави постари. Начинот на кој се шминкаме, држењето на телото, па дури и нашиот ентузијазам за животот може да додаде години на нашиот изглед.
Некои веднаш посегнуваат по ботокс или козметички зафати за да ја зачуваат својата младост, но забораваат дека младоста доаѓа однатре колку и однадвор. Малите промени во животниот стил може да направат голема разлика во тоа како изгледаме и се чувствуваме.
Навики што прават да изгледате постаро
1. Прекумерна шминка
Шминката може да ги нагласи природните карактеристики и да ги скрие несовршеностите, но прекумерната употреба може да има спротивен ефект и да направи да изгледате постаро. Покрај тоа, може да ја исуши кожата и да ги затне порите, а со тоа да го забрза процесот на стареење.
2. Премногу парфем
Стереотипот на баби што се капат во силен парфем не е без причина. Кога станува збор за мириси, важи правилото – помалку е повеќе.
3. Игнорирање на заштитниот фактор
Сите дерматолози го велат истото – заштитата од сонце е клучна за младешки изглед. Ултравиолетовите зраци го забрзуваат стареењето на кожата, па секојдневното нанесување крем со заштитен фактор треба да стане рутина.
4. Лошо држење на телото
Спуштеното држење не само што додава години на вашиот изглед, туку долгорочно може да доведе до искривен ‘рбет и спуштени раменици – давајќи ви класичен стар изглед.
5. Премногу време на екранот
Сината светлина што ја емитуваат екраните на нашите уреди може да ѝ наштети на кожата, а часовите поминати со главата наведната над мобилниот телефон резултираат со збрчкан врат и уморен изглед.
6. Претерано пиење алкохол и кофеин
Алкохолот ја дехидрира кожата и ги разградува колагенот и еластинот, што доведува до предвремено стареење. Слично на тоа, премногу кофеин може да ја исуши кожата, да предизвика темни кругови и рани брчки.
7. Премногу шеќер во исхраната
Покрај тоа што го зголемува ризикот од дебелина и дијабетес, прекумерното внесување шеќер ги оштетува колагенот и еластинот, што ја прави кожата безживотна, сува и склона кон брчки.
8. Пушење
Пушењето прави да изгледате постаро на повеќе начини – освен што е застарена навика, го разградува колагенот, предизвикува опуштена кожа и сивкав тен.
9. Често хранење надвор од домот
Оброците од рестораните обично се богати со шеќер, сол и нездрави масти, што го зголемува бројот на слободните радикали во телото и го забрзува стареењето на кожата.
10. Премногу сериозен однос кон животот
Луѓето што се смеат, се забавуваат и пробуваат нови работи секогаш изгледаат помладо. Животот може да биде предизвик, но не заборавајте да се насмевнете и да го правите она што ве прави среќни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ќерката на Михаел Шумахер роди девојче

Ќерката на Михаел Шумахер, Џина Марија (28), и нејзиниот сопруг Јан Бетке го добија своето прво дете.
„Добредојде во светот, Мили. Родена на 29 март, нашите срца се пополни од кога било. Неизмерно сме благословени што те имаме во нашите животи“, напиша Џина Марија на „Инстаграм“ покрај црно-белата фотографија од својата новородена ќерка.
View this post on Instagram
Објавата бргу предизвика лавина честитки и поддршка од фановите. „Честитки! Многу сум среќна за тебе. Ќе бидеш неверојатна мајка”, напишал еден следбеник, а друг додал: „Прекрасно! Најголемата радост што може да ја има секој“.
Забава
Џенифер Лопез фотографирана на снимањето филм, ги насмеа луѓето со своите гримаси

Актерката и пејачка Џенифер Лопез работи на нов филм. Станува збор за романтичната комедија Office Romance на „Нетфликс“, напишана од Брет Голдстајн и Џо Кели, а главните улоги ги толкуваат Голдстајн и Џенифер Лопез. Режисер е Ол Паркер.
Џеј Ло беше фотографирана на снимањето на филмот. Таа со своите гримаси насмеа многу луѓе.
Папараците ја снимиле како јаде сендвич и пие кафе.
Забава
Диета што ги убива мастите, а на многумина не им се допаѓа: позната актерка изгледа прекрасно во своите 60-ти поради овој начин на исхрана

Прославената актерка Гвинет Палтроу (52), освен што воодушевува со својот изглед и улоги, лансира и своја линија на козметички производи, со што уште појасно покажува колку ѝ е важна младоста.
Според Social Diary, урамнотежената исхрана и вежбањето ја одржуваат нејзината совршена фигура, а особено интересно е нејзиното мени.
Имено, Гвинет со години следи макробиотска диета заснована на течна храна. Актерката јаде многу органски житни зрна, свеж зеленчук, а повремено јаде и органска риба или живина, најмногу до 50 грама, но не како оброк, туку во супа или чорба.
Вештачките шеќери и преработената храна за неа се минато, а кога се во прашање млечните производи, козјото млеко е дозволено.
На секои два часа таа внесува многу течности, вода, билни чаеви, свежо цедени сокови од овошје и зеленчук, напивки од бобинки, супи.
Кога станува збор за зеленчукот, најмногу се препорачуваат моркови, цвекло, тиквички и домати, а многу е важно храната да биде пасирана, зготвена или блендирана.
Сепак, диетата никогаш не е доволна доколку нема физичка активност, па Гвинет тренира петпати неделно по 45 минути, а обожава и јога. За почеток, можете да тренирате двапати неделно ако ова темпо е пребрзо за вас.