Неверојатни 64 гола во последното коло од ЛШ – најголем губитник Динамо Загреб!

t

Последното коло од првата фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) донесе дури 64 голови, но и историска победа на Динамо Загреб против Милан (2-1), меѓутоа екипата на Стефан Ристовски и Аријан Адеми остана без пласман во нокаут-фазата.

Мартин Батурина ја искористи грешката на Габија во 19. минута и го матира Мањан за водство од 1-0 на гигантот од Загреб, а потоа Муса доби црвен картон и дополнително ги израдува домаќините.

„Росонерите“ и со фудбалер помалку преку Пулишиќ израмнија на 1-1 во 53. минута, меѓутоа Пјаца набрзо го врати водството на хрватскиот тим (2-1), по што резултатот не се менуваше до последниот судиски свиреж.

Македонските интернационалци Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа дел од натпреварот, меѓутоа не ги посака среќата за пласман во плејофот бидејќи Спортинг Лисабон ремизира против Болоња (1-1), па така Динамо заврши на 25. место.

Интересно е тоа што вечерва се играше ефикасен фудбал на сите натпревари, односно ниту една средба не заврши без постигнат погодок, туку вкупно беа запишани дури 64 голови.

Најмногу голови имаше на дуелот меѓу Лил и Феенорд (6-1), а исто така вечерта ќе се памети и по првиот пораз на Ливерпул оваа сезона во ЛШ, откако загуби на гостувањето кај ПСВ со 3-2.

Резултати:

Астон вила – Селтик 4-2
Барселона – Аталанта 2-2
Баер Леверкузен – Спарта Прага 2-0
Баерн Минхен – Слован Братислава 3-1
Борусија Дортмунд – Шахтер 3-1
Брест – Реал Мадрид 0-3
Динамо Загреб – Милан 2-1
Жирона – Арсенал 1-2
Интер – Монако 3-0
Јувентус – Бенфика 0-2
Лил – Феенорд 6-1
Манчестер сити – Клуб Бриж 3-1
ПСВ – Ливерпул 3-2
Салцбург – Атлетико Мадрид 1-4
Спортинг Лисабон – Болоња 1-1
Штрум Грац – Лајпциг 1-0
Штутгарт – ПСЖ 1-4
Јанг Бојс – Црвена Звезда 0-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанка пријавила дека 11 години помладиот партнер…

Жена од Скопје вчера пријавила во полиција…

Зеленски: Украина нема да ја признае американската…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Американски авион се враќал од пола пат…

Авион на американската компанија „Јунајтед ерлајнс“, кој…

Српски суд го укина обвинението за убиство…

Aпелациониот суд во Ниш го укина обвинението…