Португалија го има најдобриот млад ракометар на СП

Ракометната селекција на Португалија беше на чекор до светски медал, но го загуби драматичното „мало“ финале од Франција. Сепак, Португалците во своите редови го имаат најдобриот млад ракометар на светот.

Имено, по завршувањето на натпреварот за третото место, Франциско Коста го доби престижното признание за најдобар млад ракометар на шампионатот. Со 54 гола и 22 асистенции Коста беше вистински лидер и најзаслужен за високиот пласман на Португалија на Светското првенство. 

Во борбата за бронзениот медал Португалија загуби минимално од Франција со 35-34, а на овој натпревар Франциско Коста постигна осум гола.