Тиквеш го слави Обина, гол во последна секунда за триумф над Бутел!

Ракометарите на Тиквеш се радуваа на победа против Бутел Скопје со 26-25 (15-14) во рамките на третото плеј-оф коло во Суперлигата. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Тиквеш 2014 и Бутел Скопје:

Гостите подобро отворија и ја имаа стартната предност (1-3), но одговорија кавадарчани со два гола за егал. Успеа Тиквеш да стекне предност со подобра серија и дојде до 8-6, а потоа и Бутел се разбуди. Одново на семафорот се врати егал, екипите се менуваа во водството и на крајот на полувремето домашните водеа со 15-14. 

На стартот на вториот дел се играше со ист ритам, гол за гол и ниту еден од ривалите не успеа да стекна поголема предност од еден гол. Се играше голема драма до последниот напад и токму во завршните секунди паѓаше одлуката. Иако Бутел успеа да израмни (25-25), со шут на Ани Обина од девет метри по изведување со четири секунди на семафорот Тиквеш стигна до победата. 

  • Победоносниот гол на Ани Обина:

Најефикасен играч на натпреварот беше Игор Кривокапиќ со девет погодоци, додека кај Бутел се истакна Димитар Узунчев со осум.