22.04.2025 09:55
Вести Свет

Најмалку 47 лица повредени во судар на два туристички автобуси во Токио

Најмалку 47 лица, претежно странски државјани, се повредени денеска во судар на два туристички автобуси на автопатот во западниот дел на Токио, соопшти полицијата.

-Никој од повредените не е во животна опасност, а судирот се случил околу 10:15 часот во близина на влезот во тунелот Коботоке на автопатот, јавија јапонските медиуми.

Автобусите претходно тргнаа од железничката станица во Токио и патуваа до езерото Кавагучи во соседната префектура Јаманаши.

Според полицијата, автобусите кои биле под управа на истата компанија, поради гужвата постојано забрзувале и намалувале на патот, а несреќата се случила кога возачот на последниот автобус не забележал дека првиот автобус закочил.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телото на папата Франциск изложено во отворен ковчег во капелата Света Марија во Ватикан

Дејан Дејан

Од ресторан и ја украле чантата полна со пари и документи- ограбена американската секретарка за државна безбедност Кристи Ноем иако ја чувала тајната служба на САД

Дејан Дејан

Пет пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Македонија, 44 во странство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе