logo
logo
logo

Кантона: Ретклиф уништи сè, не почитува ништо и никого!

Vecer | 10.04.2025

Кантона: Ретклиф уништи сè, не почитува ништо и никого!

Легендата на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона вели дека клубот се уништува под палката на Сер Џим Ретклиф. Групацијата Инеос на Ратклиф купи 27,7% од акциите во Јунајтед во февруари 2024 година во вредност од околу 1,25 милијарди фунти (1,6 милијарди долари), a семејството Глејзер, кое е сопственик на 20-кратниот шампион на Англија од 2005 година, го задржа мнозинскиот пакет акции, но Инеос ја презеде контролата врз фудбалските операции на клубот.

„Откако дојде Ретклиф, овој тим на директори се обидува да уништи сè и тие не почитуваат никого“, рече поранешниот напаѓач на Јунајтед, кој забележа 185 настапи за „црвените ѓаволи.

„Се чувствувам тажно што го гледам Јунајтед во ваква ситуација. Тие одлучија нешто друго. Тие имаат друга стратегија, друг проект. Навивам за Јунајтед затоа што навистина го сакам, но сега кога би бил навивач и би требало да изберам клуб, не мислам дека би го избрал Јунајтед“, смета Французинот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk