Поради разводот, беше откриена семејната тајна на Ана и Бастијан, која малкумина ја знаеја

Шокантна информација донесоа германските медиуми кои тврдат дека српската тенисерка Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се разведуваат по девет години брак и три деца.
Како што објави германскиот магазин BUNTE, а потврди и BILD, Ана и Бастијан живеат одвоено веќе два месеци, тивко и без помпа, далеку од очите на јавноста. Иако се уште нема официјална потврда, извори блиски до парот тврдат дека одлуката за разделба е донесена заеднички.
Додека Бастијан (40), поранешен германски репрезентативец, поголемиот дел од времето го поминува во Минхен поради деловни ангажмани, Ана (37) се пресели во родниот Белград со синовите Лука (7), Леон (4) и најмладиот Тео (1). Таму живее во мирна населба, блиску до семејството, во стан од околу 100 квадрати. Соседите ја опишуваат како исклучително топла и приземна личност, секогаш насмеана и достапна за разговор.
Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се трудат да ја зачуваат приватноста, па малку се знае за нивните деца, а не сакаа ни да ги откријат имињата на наследниците. Иако во јавноста е познато дека нивниот најстар син се вика Лука, средниот Леон, името на третиот наследник беше речиси непознато.
Сепак, како што пренесуваат германските медиуми во објавата за развод, третото дете го крстиле Тео. Тео е машко име. Потекнува од името Теодор или Доротео. По потекло е од грчко потекло. Значењето на името е „Божји дар“.