Ница загуби од Нант и си го загрози местото за ЛШ

Фудбалерите на Ница запишаа пораз на домашен терен од Нант 1-2 (1-2) во првиот натпревар од 28. коло од француската Лига 1. 

Избраниците на Франк Хајзе, иако беа очигледни фаворити пред првиот судиски свиреж, дозволија да загубат пред својата публика, и со тоа да им дадат шанса на Стразбур, Лил или Лион, да ги престигнат на табелата.

„Канаринците“ рано поведоа, уште во 11. минута, кога Даглас Аугусто погоди за почетно водство. Сепак, само три минути ѝ беа доволни на Ница да израмни, а стрелец беше Моис Бомбито. Сите голови на натпреварот ги видовме во првото полувреме, а решавачки стрелец беше Матис Аблин во 38. минута.

Ница по овој натпревар останува на четвртото место со 47 бодови, но како што веќе напоменавме може да падне неколку места, додека Нант е тринаесетта екипа во првенството со 30 бодови.

Состави

Franck Haise

3-4-3

    Antoine Kombouare

    4-3-3