05 Април, 2025
0.5995

Невладини здруженија ги поздравија законските измени против родовата идеологија

Објавено во: Македонија 02 Април, 2025 13:19

Добивај вести на Viber

Невладини организации го пофалија владеачкото мнозинство, откако пратениците синоќа ги донесоа измените во Законот за учебници за основно и средно образование по скратена постапка, како и измените во Законот за основно образование, исто така, по скратена постапка, со кои се толкува одново родовата идеологија.

Од „Родителски совет“ упатија посебна благодарност до пратеникот Антонио Милошоски со реакција дека родовата идеологија се исфрла од образованието

„Родителски фронт изразува најдлабока благодарност до сите пратеници кои синоќа во македонското Собрание ги изгласаа измените на Законот за основно образование и измените на Законите за учебници за основно и средно образование.

Доаѓаат локални избори, време за соочување и пресметки. Во тој контекст, повторуваме, РФ ќе ја поддржи секоја концепција која ги дели и респектира нашите вредности и нашите заложби!

Предлог Законот за изменување на Законот за основното образование ги засилува мерките за заштита на правата и благосостојбата на учениците, вклучувајќи ја грижата за нивната физичка безбедност, ментално и физичко здравје, како и забрана на дискриминација или неоправдано одделување при запишување и формирање паралелки. Исто така, се нагласува улогата на училишниот инклузивен тим во обезбедување еднаков пристап до образование и превенција на дискриминација, додека училиштата се обврзуваат да промовираат здравствени информации базирани на научни сознанија, почитување на разликите, човековите права и еднаквост меѓу половите, во соработка со родителите и училишниот совет. Овие измени имаат за цел, да создадат поддржувачка и инклузивна образовна средина за сите ученици, но и да дадат законска основа за поддршка на родителите во одлучувањето за содржините прифатливи за децата“, гласи реакцијата на „Родителски совет“

Од „Коалиција за заштита на децата“ пак излегоа со соопштение дека „Системот се менува, без да се потхранува“.со посебна благодарност до Милошоски за прочистување на Законот од основно образование од родовата идеологија. 

„Големиот број трагични случувања од изминативе два месеца се сведок дека системот ни е трул и е потребна длабока промена, почнувајќи од искоренување на сопствениот придонес кон хранењето на тој систем. Непромислените ставови "ќе ми завршат работа од партија", "имам врски во болница", "ќе му ја подмачкам раката", "ќе се јави тато" и сл. се еден од главните проблеми на овој промашен систем, кој самите го создадовме - кој повеќе кој помалку, а поради кој, за жал, жртви паднаа нашите деца.

Додека СДСМ беа на власт, гледавме како поединци-активисти и невладини организации од шарениот ЛГБТИ+ спектар директно и тајно работат и влијаат на менување на законите - закони кои се обврзани сите граѓани да ги почитуваат.

Затоа во овие 3 години од нашата работа, оние кои нѐ следат можат да посведочат дека работиме сосема отворено и транспарентно, без криења и целосно натпартиски, односно поддршка даваме само за заложбите на оние кои се трудат да ги заштитат децата и правата на родителите, без разлика на која партија припаѓаат. Сите наши испратени ургирања, дописи, поддршки, реакции, остварени официјални состаноци и сл. јавно ги објавуваме за информирање на граѓаните и не ги доставуваме по линија на "врски", туку професионално на официјалните адреси на чинителите на политичкиот живот во Македонија. Го раскинуваме тој болен верижен начин на делување и потхранување на трулиот систем.

Согласно на тие наши ставови, го објавуваме нашето Писмо за поддршка испратено до пратеникот и потпретседател на Собранието на Р. Македонија г-динот Антонијо Милошоски за неговите заложби за прочистување на Законот од основно образование од родовата идеологија. Иако сметаме дека сѐ уште постојат можности за унапредување на Законот и отстранување на потенцијални проблематични делови, како што се недефинираните термини "различности" и "еднаквост меѓу половите", сепак ја поздравуваме најновата позитивна промена“, се огласија од здружението.




Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: „Марш за ангелите“ имаше во Кочани, на точно пет минути по 12 часот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: „Марш за ангелите“ имаше во Кочани, на точно пет минути по 12 часот

(ВИДЕО) ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Докторка низ солзи им се заблагодарува на докторите од Израел, Чешка и Србија

(ВИДЕО) ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Докторка низ солзи им се заблагодарува на докторите од Израел, Чешка и Србија

ЦУК: Нанесените дрва што го попречуваа текот на реката Пена се отстранети

ЦУК: Нанесените дрва што го попречуваа текот на реката Пена се отстранети

СДСМ ЌЕ БИРА ЛИДЕР: Филипче е единствен кандидат

СДСМ ЌЕ БИРА ЛИДЕР: Филипче е единствен кандидат

ГО ИСКОРИСТУВАЛ ОТСУСТВОТО НА РОДИТЕЛИТЕ И ГО НАМАМУВАЛ ДЕВОЈЧЕТО: Малолетник е осомничен за силување

ГО ИСКОРИСТУВАЛ ОТСУСТВОТО НА РОДИТЕЛИТЕ И ГО НАМАМУВАЛ ДЕВОЈЧЕТО: Малолетник е осомничен за силување

ВО ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО СЕ ЛЕКУВААТ 69 ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ: Каква е нивната состојба?

ВО ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО СЕ ЛЕКУВААТ 69 ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ: Каква е нивната состојба?

MAРШ ВО КОЧАНИ: Kој ги уби нашите херои и кој ги пеплоса тие ангелски лица?

MAРШ ВО КОЧАНИ: Kој ги уби нашите херои и кој ги пеплоса тие ангелски лица?

ПИЈАН НЕГОТИНЕЦ КОЈ НЕМАЛ ВОЗАЧКА УКРАЛ АВТОМОБИЛ: Скршил рампи на наплатните станици на автопатот

ПИЈАН НЕГОТИНЕЦ КОЈ НЕМАЛ ВОЗАЧКА УКРАЛ АВТОМОБИЛ: Скршил рампи на наплатните станици на автопатот

ГРАЃАНИТЕ ДА ВНИМАВААТ: Moжно е зголемување на водостоите на реките

ГРАЃАНИТЕ ДА ВНИМАВААТ: Moжно е зголемување на водостоите на реките