Шкендија и Силекс ја продолжуваат очигледно битката за шампионската титула сезона, со сигурно водство уште по првите 45 минути во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Шкендија во Тетово, на дуелот кој се игра без навивачи, води со 2-о против Воска Спорт со головите на Адеми во 32. минута и Тамба во 37. минута.
Силекс, пак, има уште поубедливи 3-0 по првото полувреме против Беса. Кратовци брзо поведоа на дуелот против Беса пред своите навивачи.
Ади Алиќ одлично реагираше во гостинскиот шеснаесетник и по само 108 секунди игра постигна гол за предност од 1-0 на Силекс.
Потоа во 32. минута и Дарко Додев постигна убав гол за 2-0 со шут од 15 метри, а Марко Ѓорѓиевски во 45. минута од пенал стрелаше за 3-0.
Вардар и Тиквеш играат 1-1 по првото полувреме. Садик во 41. минута ги донесе гостите до водство, но Закариќ израмни во 45. минута.
Исто и Шкупи и Гостивар имаат 1-1 по првиот дел на дуелот во Скопје. Шкупи прв поведе на гостувањето со 0-1, благодарение на феноменалниот погодок на Демир Имери директно од слободен удар откосо од 20 метри, уште во 5. минута од средбата.
Домашните потоа брзо успеаја да израмнат со голот на Дарко Глишиќ во 11. минута.
АП Брера има водство од 0-1 на гостувањето против Пелистер во Битола благодарение на извонредниот погодок на Ѓоргиевски во 38. минута.
Нема голови единствено на дуелот меѓу Работнички и Струга ТЛ во Скопје.
ПРВА ЛИГА – 27. КОЛО (прво полувреме)
Битола: ПЕЛИСТЕР – АП БРЕРА 0-1
Ѓоргиевски 38′
Скопје: ГОСТИВАР – ШКУПИ 1-1
Имери 5′ – Глишиќ 11′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 0-0
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ 2-0
Адеми 32′, Тамба 37′
Кратово: СИЛЕКС – БЕСА 3-0
Алиќ 2′, Додев 32′, Ѓоргиевски 45’+1
Скопје: ВАРДАР – ТИКВЕШ 1-1
Закариќ 45′ – Садик 41′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА