Ромите, ромската култура и стереотипите во Проектот „Арте(фициелни)факти во проширена реалност“ на Марија Трпеска

Поставката ја сочинуваат видеа, фотографии и објекти, реализирани со соработници и ко-автори на проектот кои ја доловуваат проширената реалност која не е стереотип за Ромите и ромската заедница, напротив, уметничката продукција ќе се обиде да ја претстави онаа страна на заедницата на која многу малку и се обраќа внимание: успесите, заложбите, изминатиот пат во борба со системот и надежта за подобро утре

На 16 април во Ликовна галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе биде промовирана поставката на проектот „Арте(фициелни)факти во проширена реалност“ од Марија Трпеска, која се фокусира на Ромите и ромската култура, стереотипите поврзани за Ромите и колку се тие прифатени и видливи во општеството како рамноправни граѓани во нашата држава.
-Работејќи со нив, она што можев да го искусам е дека иако можеби кај нас со закон се утврдени нивните права како етничка заедница, сеуште секојдневно се жртви на дискриминација, расизам, говор на омраза и повреда на човечкото достоинство не добивајќи еднаков третман во општеството во однос на останатите етнички заедници коишто живеат во нашата држава.Оваа отфрленост и нееднаквост може да се забележат во различни аспекти од нивниот живот, вклучувајќи го пристапот до образование, здравство, вработување и социјални услуги. Еден од најголемите предизвици е токму нивната невидливост и маргинализација во општеството, што дополнително ги комплицира нивните обиди за интеграција и еднаков третман – вели авторката.
Проектот „За сите засегнати: Арте(фициелни)факти во проширена реалност“ е резултат на мултидисциплинарен пристап кој ги комбинира дигиталните технологии, уметничката практика и општествено ангажираната истражувачка методологија. Истражувањето се потпира на концептот на културно мапирање, каде што симболите, наративите и дигиталните артефакти се користат за да се постават нови културни обележја на мапата на јавната меморија…. Мотивацијата за ова истражување произлегува од потребата за преосмислување на сликата за ромската заедница, која честопати е сведена на маргинални или негативни претстави…..
Поставката ја сочинуваат видеа, фотографии и објекти, реализирани со соработници и ко-автори на проектот кои ја доловуваат проширената реалност која не е стереотип за Ромите и ромската заедница, напротив, уметничката продукција ќе се обиде да ја претстави онаа страна на заедницата на која многу малку и се обраќа внимание: успесите, заложбите, изминатиот пат во борба со системот и надежта за подобро утре.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни