Ејсап Роки беше ослободен од сите обвиненија поднесени против него и нема да ги помине следните 24 години во затвор.
По читањето на пресудата, 36-годишниот рапер се фрли во прегратката на својата девојка Ријана со којашто има две деца. 36-годишната пејачка плачеше од среќа во судницата додека го прегрнуваше Роки.






Против него беше поднесено обвинение дека во центарот на Лос Анџелес пукал со полуавтоматско огнено оружје во својот поранешен пријател Ејсап Рели во ноември 2021 година. Ако беше пресудено дека е виновен, тој ќе ги поминеше следните две децении во затвор.
„Ви благодарам што ми го спасивте животот“ – ѝ рекол тој на поротата.









Rihanna and Rocky after the verdict ️pic.twitter.com/l5KADeiVil
— Bootilegger : ̗̀➛ (@buff3lo) February 19, 2025
По завршувањето на судењето, парот прослави со вечера во Беверли Хилс.


Ријана му беше силна поддршка на Ејсап Роки и постојано беше покрај него во судницата.





