ДОЖД, СНЕГ И ВЕТЕР: Во новата работна недела ќе има промена на времето

Објавено во: Македонија 05 Април, 2025 08:10
Oд утре се очекува промена на времето.
Во недела нѐ очекува претежно облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места од снег. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка (10 до 15см). Ќе дува засилен северен ветер (над 70км/ч.). Минималните утрински температури ќе се движат од 2 степени до 8 степени, а максималните дневни ќе бидат од 4 степени до 13 степени.
Метеоролозите за во понеделник најавуваат променливо облачно и студено, наместа со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од -5 степени до 1 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 2 степени до 10 степени.
Времето денеска во цела Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Можеби ќе ве интересира
СУШИ И ГОРЕШТИНИ: Многу топло лето ја очекува Европа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Средбата Мицкоски-Таравари била конструктивна, разговорите продолжуваат

MИЦКОСКИ: Јазикот е нашиот бедем и неспорен идентитет, како премиер нема да отстапам од нашето цивилизациско право да говориме на македонски

ЗАВРШИ СРЕДБАТА МИЦКОСКИ-ТАРАВАРИ: Што соопштија од Владата?

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА АХМЕТИ: Неговиот говор значи притисок врз судската власт

МИЦКОСКИ: Покажавме европско, скандинавско управување со општините

„БЕСКРАЈНА РАДОСТ, НАЈУБАВ БЛАГОСЛОВ“ - поранешниот министер Љупчо Николовски ужива со своето двомесечно бебенце

На 9 мај почнува судењето за прегазувањето на Фросина Кулакова

„АКО ВО ЈАПОНИЈА СЕ СЛУЧЕШЕ ПОЖАР СО ТОЛКУ МНОГУ ЖРТВИ...“ - професорот Дејан Трајковски кажува која е разликата меѓу таа земја и нашата
