06.04.2025 20:32
Вести Македонија

(Видео) Суперхерои, принцези, бубамари, пчелки – најмалите го одбележаа денот на шегата

Настава под маски денеска низ училиштата во земјава. Најмалите со креативни маски седнаа во школските клупи облечени во костими на нивните омилени херои. Дел од нив со досетки за денот на шегата.

Вообичено, на овој ден во земјава дефилираат најмладите маскирани во суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, готвачи, лекарки, како и ликови од цртани филмови.

Инаку денот на шегата се прославува различно во светот. Во Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат до пладне и оној кој прави трикови после пладне го нарекуваат „априли-ли-ли“ и го исмеваат, додека во Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија и други држави, луѓето се шегуваат во текот на цел ден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Охрид- Ресен

Дејан Дејан

Царините на Трамп предизвикаа „хаос“, повеќе од 50 земји бараат преговори со Белата куќа

Дејан Дејан

На Стража и во Скопје врне снег поради новото заладување на времето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе