На 11.04.2025 година, околу 14.30 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Неготино, поточно на улицата „Маршал Тито“ во село Марена, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Шкода“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.С.(43) од Кавадарци и патничко возило „Фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.С. (29) од село Ваташа, кавадаречко.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, кои биле препратени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Сопатникот, пак, од возилото „Фиат“ А.Ѓ (32) од село Ваташа се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Кавадарци, информира МВР.
За настанот бил известен надлежен јавен обвинител од ОЈО Кавадарци, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.