ВИДЕО: Атлетико потфрли, Феран Торес ја одведе Барса на мегдан со Реал во финалето!

Екипата на Барселона со минимални 0-1 (0-1) славеше на гостувањето во Мадрид кај Атлетико и закажа ново соочување со Реал Мадрид, овој пат во финалето од Купот на Кралот. 

  • Извештај од натпреварот:

Атмосферата на „Ванда Метрополитано“ беше како и пред секое дерби, но овој пат актерите на теренот не го покажаа она што се очекуваше од нив, впрочем и она што го одиграа на трите овосезонски соочувања, во кои беа постигнати вкупно седумнаесет гола. 

Вечерашното дерби помина во повеќе тактизирање и многу технички грешки, а особено потфрли домашниот тим, кој не упати ниту еден директен удар кон противничкиот гол и со тоа заслужено остана без шанси за уште еден трофеј оваа сезона. Делуваше дека ова ќе биде сезона од соништата за Атлетико Мадрид, но сè пропадна во вода за само неполн еден месец. Мадриѓани полека ја губат трката за шампион во Примера, а кон средината на февруари беа елиминирани и од Лигата на шампионите, од градскиот ривал Реал Мадрид во осминафиналето. 

На другата страна, Барса сигурно чекори кон сите трофеи. Во домашниот шампионат е лидер, во Лигата на шампионите ќе игра четвртфинале, додека во финалето од Купот на Кралот  ќе се судри со најголемиот ривал Реал Мадрид, кој во полуфиналето го елиминира Реал Сосиедад.

На средбата во Мадрид, човек на одлука беше Феран Торез, кој домашната мрежа ја затресе во 27. минута. Во вториот дел Диего Симеоне нападот го засили со Сорлот, кој прво не реализира од чиста позиција, а потоа го совлада Шчесни, но поради офсајд голот му беше поништен. 

Големото финале е закажано за 25 април во Севиља.

Најнови вести од
Куп на Кралот, Шпанија