• среда, 30 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Штип УГД и Наковски Волеј победници на одбојкарскиот Куп на Македонија

Штип УГД и Наковски Волеј победници на одбојкарскиот Куп на Македонија

Радовиш, 5 април 2025 (МИА) - Одбојкарите на Штип УГД го одбранија трофејот во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето на завршниот турнир во Радовиш ја совладаа Струмица со максимални 3:0.

Најнеизвесно беше во вториот сет кој заврши на разлика 26:24, во првиот и третиот сет беше 25:21.

Претходно, во женското финале одбојкарките на Наковски Волеј беа поуспешни од Јанта Волеј Кисела Вода со 3:2, по сетови 16:25, 25:18, 10:25, 25:21 и 15:13.

Наковски Волеј го играше третото куп финале во кое стигна до премиерниот трофеј. зс/

Фото: ОФМ

Остани поврзан